Светскиот економски форум го напушта Давос?

Светскиот економски форум размислува за преместување од Давос поради превисоките цени во швајцарскиот скијачки центар.

Шест месеци пред 50-тиот Светскиот економски форум, основачот на овој собир Клаус Шваб најави можност за „преселба“.

Тој во изјава за Зидеост Швајц кажа дека кревањето на цените е огромен товар и пренесе дека размислува за преместување на собирот на друго место.

Шваб кажа дека сака да го продолжи партнерството со Давос, но тоа значи дека градот ќе мора да обезбеди најмалку 2.800 хотелски соби по прифатливи цени, како и доволно сместување за работниците.

„Ако тие услови не бидат исполнети, со тешко срце, ќе мора да бараме ново седиште“, пораша тој.

Хотелските соби и апартманите во Давос, за време на одржувањето на Светскиот економски форум, кој по традиција се одржува кон крајот на јануари, чинат по неколку илјади евра за ноќ.

Шваб вели дека учесниците се спремни да плаќаат соодветна цена за добра услуга, но дека во одделни случаи има неразумно кревање на цените.

Според него, учесниците многу чувствително реагираат кога имаат чувство дека некој ги злоупотребува.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password