ОДВ Електрик инвестира нови 4,2 милиони евра (видео)

– Нови 90 работни места ќе се отворат со инвестицијата од
4,2 милиони евра што германската компанија ОДВ Електрик ќе ги вложи во втората фаза од
нивното вложување во Македонија.
Извршниот директор на компанијата Мартин Екрев денеска во Владата на Република
Македонија, по потпишување на меморандумот, рече дека нивните планови се да продолжат
да инвестираат во Македонија и да вложат вкупно околу 15 милиони евра и да отворат повеќе
од илјада работни места.
– ОДВ Електрик одлучи да инвестира во Македонија од неколку причини. Македонија е блиску
до централна Европа, живееме во истата временска зона, споделуваваме заедничка култура и
вредности. Тука има вешти работници, а законите, регулативите и царинските давачки се веќе
усогласени со оние на ЕУ. Освен тоа, имаме и силна институционална поддршка во
Македонија, истакна Екрев.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password