Богатството на Марк Закерберг порасна на 100 милијарди долари

Богатството на основачот на Facebook, Марк Закерберг, порасна на 100 милијарди долари откако социјалната мрежа понуди нова услуга на кратки видеа, пренесе BBC.

Компанијата пред два дена го претстави Instagram Reels, конкурент на контроверзната кинеска апликација TikTok.

Акциите на Facebook вчера рипнаа за повеќе од 6 проценти. Со ова Закерберг стана дел од клубот на супербогати луѓе со имот од над 100 милијарди долари како Џеф Безос и Бил Гејтс. Шефовите на Amazon и Microsoft го зголемија нивното богатство во последно време.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password