ССМ: Да се зголемат платите и пензиите, ако не се врати цената на струјата

Доколку избрзаното покачување на цената на електричната енергија не биде повлечено, потребно е зголемување на сите плати и пензиите, во висина на зголемените трошоци за живот или скалесто за најмалку 7,4 отсто е ставот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

– Во услови на здравствена криза, која имаше и сѐ уште има големо влијание и врз економијата и врз сигурноста на работните места, како и во услови кога годинава Минималната плата е зголемена за само 2,99 отсто, просечната плата од јануари до мај 2020 година е намалена за 4,18 проценти, а трошоците на граѓаните се зголемени заради кризата не се согласуваме да има зголемување на цената на електричната енергија, а особено не поради тоа што истата ќе падне на грбот на работниците, пензионерите, невработените, односно граѓаните – велат од ССМ.

Синдикатот  бара регулаторите да ја преиспитаат одлуката за зголемување на цената на струјата бидејќи тоа ќе се одрази врз живортниот стандард на работниците.

– Сојузот на синдикатите на Македонија не е организација која ги регулира цените на одредени услуги или производи, но смета дека со Одлуката на  Регулаторната комисија за покачување на електричната енергија за 7,4 отсто, здравствена криза може многу лесно да се претвори и во економска криза – велат од ССМ.

Од ССМ велат дека не сакаат граѓаните, кои ќе бидат оневозможени да ги подмират зголемените сметки на електрична енергија, да станат таргет на извршување од извршителите, што е уште една причина за преиспитување на зголемувањето на цената на струјата.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password