КРИЗА: BOOKING ОТПУШТА ПОВЕЌЕ ОД 4.000 ЛИЦА

Компанијата за изнајмување на хотели и имоти, Booking.com објавија дека отпуштаат повеќе од 4.000 вработени, што е четвртина од работната сила, затоа што патувањата драстично опаднаа поради пандемијата на коронавирусот.

Отпуштањата ќе започнат следниот месец и ќе траат до крајот на годината, според матичната компанија „Booking Holdings Inc“.

Компанијата исто така е сопственик на компаниите за резервација на ресторани OpenTable и Priceline.com.

Бројот на резервирани соби на „Booking.com“ во текот на првиот квартал од оваа година опадна за 43 проценти, на 124 милиони, а падот продолжува.

Компанијата ги предупреди инвеститорите во мај да се подготват за уште полош втор финансиски квартал, чии резултати треба да бидат објавени во четврток.

Booking.com има 17.500 вработени и повеќе од 200 канцеларии ширум светот.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password