Новозаболени 33 лица, почина пациентка од Велес
Институтот за јавно здравје, денеска регистрира 22 оздравени пациенти, а има 33 нови случаи. На пат кон Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починал пациент од Велес на 70 годишна возраст, кој од 4 мај бил хоспитализиран на инфективното одделение во болницата во Велес, а поради влошување на состојбата бил препратен во Скопје, информираат од Министерството за здравство
Оттаму велат дека во изминатите 24 часа направени се 332 тестирања, а потврдени се 33 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Штип-1, Прилеп-5, Тетово-2, Велес-9, Битола-2, Крива Паланка-1. Досега во земјата се направени вкупно 18.168 тестирања на КОВИД -19.
Вкупната бројка на КОВИД дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1572, бројката на оздравени пациенти е 1079, на починати е 89, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 404.