Се укинува ли полицискот час: Состанок утре
Во согласност со досегашните анализи кои се однесуваат на актуелната состојба со корона вирусот во земјава, во текот на утрешниот ден здравствените власти ќе разговараат дали наскоро ќе може да очекуваме релаксирање на мерките, првенствено на полицискиот час. Истовремено, според направената статистика за ситуацијата со епидемијата, властите ќе го отворат и прашањето дали ќе може да се одражат парламентарните избори.
Министерот Венко Филипче го најави сето ова, нагласувајќи дека се уште е рано, но дефинитивно на утрешниот состанок ќе се расправа за двете клучни прашања.