Скопјани за Нова Година ќе ги забавува Дино Мерлин
На 75 дена пред крајот на годината, град Скопје ја објави програмата за новогодишната ноќ. Босанскиот пејач Дино Мерлин ќе ги забавува скопјани за Нова година. Градоначалникот Петре Шилегов рече дека концерот на Мерлин ќе го чини градот нула денари. Очекувањата се на плоштадот „Македонија“ да се појават околу 50.000 гости. Веќе на почетокот на декември е планирано градот да биде украсен за претстојните празници.
„Во туристичката понуда на нашиот град внесуваме програма, како што веќе кажав Дино Мерлин, не треба посебно да се претставува, тој е регионална ѕвезда. На време го одржуваме пресот за да може луѓето од градот, луѓето од Македонија, луѓето од регионот кои се заинтересирани да го слушаат Дино таа вечер, да имаат на време информација и на време да се спремаат и да си ги планираат празниците…“, рече Шилегов.
„Голема е честа, одговорност и предизвик да свирите на главниот плоштад на главниот град на оваа убава земја. Тоа не е никаква куртоазија, сите одговорни луѓе размислуваат на овој начин ние е тоа тек така да излезете пред голем број на луѓе кои имаат очекувања“, рече пејачот Дино Мерлин.