Ќе се продава барокната Градска куќа

Ќе се продава барокната Градска куќа на кејот на реката Вардар, одлучи Советот на Град Скопје, по предлог на градоначалникот Петре Шилегов.

– Денешнава седница ја отвораме со оваа точка затоа што во меѓувреме  успеавме да го завршиме објектот којшто беше започнат можеби пред една декада. Објектот којшто е изграден од Градот, откако е дојдено новото раководство на градската администрација,  во неговото завршување имаме вложено 3,2 милиони евра. Ова докажува дека ниту имало намера, ниту тенденција да не се заврши неговата изградба – изјави Шилегов.

Тој додаде дека се правени напори објектот да се стави во функција, но по сите направени анализи за капацитетот на изградениот објект е заклучено дека само 3 петтини од вкупниот број на вработени би можеле да се сместат во него, односно само 352 вработени.

Исто така, тој го посочи и фактот дека е крајно нефункционална внатрешноста на објектот заради неговата форма.

-Локацијата на градската куќа за мене е многу несреќно избрана, бидејќи народски кажано таа е отпат и тргната е на страна од главната градска инфраструктура, а за да дојдете до неа имате слаба конекција со јавниот транспорт. И мислам дека градската куќа треба да се наоѓа на многу посоодветна локација како што и го личи главниот град и како што е стандард секаде во светот – истакна Шилегов.

Тој изрази жалење што советниците од опозицијата ја напуштиле седницата и не можеле да ја чујат неговата идеја да се формира комисија во која би членувале советници, односно да бидат вклучени сите како Совет. Таа комисија да биде задолжена за продажбата, но и за евентуалното купување на некој друг објект на многу посоодветна и подостапна локација за граѓаните на Скопје.

-Сепак, би сакал да имаме надзор од Советот во целиов процес, бидејќи сакаме тој да биде јавен и транспарентен затоа што немаме што да криеме. Продажбата ќе оди со аукција, преку системот на ЗЕЛС и ќе биде видлива за сите – рече Шилегов.

 

 

 

 

 

 

 

Со почит,

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password