Силјановска: Не се чувствувам поразена

Заврши изборната трка, заврши една сага невообичаена за мене. Чудно се чувствувам. Бројките говорат за пораз, обично поразените не се чувстваат добро, но јас се чувствувам смирено исполнето продуховено, рече на вечерашната прес конференција кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова

– Ние жените обично забележуваме кај другите жени сѐ и јас во последно време слушам дека сум се подмладила. Погодувате зошто, токму поради граѓаните. Директните средби со нив на кои низ разговорите им нудев визија, дека ним ќе можам да им помогнам во градењето демократија, која ја нема, дијалог кој ми говореше дека допирам до нивните срца и тоа ме подмлади. Денешниот ден ми личеше на Вивалди на „Четирите годишни времиња“ – утрото почна со дожд, немаше многу светлина, но дека на крајот ќе заврши како пролет. Претпоставувам дека заврши како пролет за победниците, но за мене не е зима. Да добиете 370,000 гласови е голеам благодарност и да станете позната по улиците како Гога, е многу во политиката во Македонија. За две недели да добиете 50.000 гласови е голема инспирација за мене како човек и затоа велам дека Вардар победи, победи противкандидатот, но јас како поединец и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ не ја загубив битката – рече Силјановска.

Таа додаде дека некој може да помисли дека наивно влегла повторно во политиката но оти не е така.

– Мислам дека политиката има лоигика ако се перпецепира како уметност на можното и да подобрите нешто во системот, да критикувате да повикувате на граѓаните и нивните потреби и да нудите решенија Се обидов да го направам тоа. Но политиката во Македонија се уште не е уметност, се уште е во рацете на партиите тие всушност одлучуваат кај кого ќе одат гласовите не граѓаните. Може да кажете дека сум цинична и разочарана, но ако го видите контингентот на гласовите кај оние кои преговараат го имате одговорот на парашањето кој, кога, каде добива. Прашање е дали ваквиот резултат спореден со резултатот на победениот, дали води кон помирување и обединување или означува една поделба внатре во државата по повеќе основи, поделба која има карактер на интраетничка поделба и прашање е дали синтагмата „Заедно одиме напред“ го ветува тоа. Влегов со чисто срце со големи желби за промени, не се срамам што учествував во камањата оти се обиов да внесам поинаков говор, да го кренам нивото на дебатата, да бидам своја да не заборавам на етиката – рече Силјановска.

Според неа, ова е најпрестижната политичка битка во нејзиниот живот оти многумина што ја запознале и ги запознала велеле дека по овие избори ништо веќе нема да биде исто.

– Се надевам дека нема триумфализам да завладее во Македонија, се надевам дека за најважните прашања ќе се бара мислење од противникот, но едно знам дека со ова сите проблеми не се решени. Резултатот зборува за делегитимирање, резултатот наметнува потреба од разговори и преговори како да се оди напред. Сериозно треба да се размислува за предвремени парламентарни избори. Ситуацијата е радикално сменета од пред една година. Граѓаните на Македонија заслужуваат промени. Ова не е промена, вистинската промена допрва доаѓа.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password