За законот постигнат договор: СЈО да се спои со ОЈО

По договорот меѓу владините коалициски партнери СДСМ и ДУИ, пратениците треба да дадат зелено светло за спојување на обвинителството предводено од Катица Јанева со државното обвинителство.

Премиерот Заев очекува предлог законот да ја добие потребата поддршка.

Вицепремиерот Бујар Османи вели предлог законот се испраќа во Собрание со очекување дека за него ќе гласаат најмалку 80 пратеници.

ВМРО ДПМНЕ бараат лидерска средба за да се усогласат ставовите околу иднината на СЈО.

Опозициската партија за утре најави состанок на Извршениот комитет на којшто ќе го разгледаат предлог законското решение и ќе одлучат каков став ќе испратат до власта.

Инаку, минатата недела лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски во телевизиско интервју истакна дека е во интерес на државата да постои орган којшто ќе гони висок криминал, но СЈО нема да добие поддршка доколку прв човек остане обвинителката Јанева. За Мицковски Јанева го користи обвинителство како алатка за политички прогон на опозицијата.

Заев поддршка за законот ќе бара и од независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ со чии гласови поминаа уставните измени за промена на името на државата. Но, пратеникот Зекир Рамчиловиќ, кој е дел од оваа група, вели предлог законот се уште не го виделе. Но, нивниот став е дека каква иднина ќе има СЈО треба да биде одлучено низ истиот процес како што и беше формирано ова тело. Неопходно  е да се постигне консензус околу овој закон и поддршка од најголемите политички партии и пратенички групи со цел овој процес да не стане уште една причина за поделби и обвинувања.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password