Има жртви во автобуската несреќа во Тетовско
Најмалку 2 жртви и повеќе од 30 повредени лица има во страотната сообраќајна несреќа што попладнево се случи на автопатот Скопје – Тетово, кога автобус полн со патници излета од патот кај село Ласкарци.
Информациите ги потврдија лекарите.
Неофицијално, во автобусот кој и припаѓа на компанијата „Дурмо турс“ патувале околу 50 лица. Според очевидци автобусот излетал од патот најверојатно поради пукната гума, но причините за страшната сообраќајка ќе ги утврди истрагата.