Македонецот не се кае за убиството на сопругата на среде паркинг во Австрија
Македонецот Џемаил призна дека ја уби својата сопруга и рече дека не се кае што го сторил тоа на паркинг во Австрија.
Веста за убиството е проследена со фотографија преземена од Фејсбук, на која се забележува осомничениот како позира со испружен показалец на десната рака, што како поздрав го користат и припадниците на Исламска држава.
Семејството на Џемаил во Македонија исто така се сомнева дека бил близок со припадници на Исламската држава и не сакаат да комуницираат повеќе со него.
„Џемаил го уништи целото семејство. Не сакаме да го видиме. Тој беше зависен од коцкање и имаше лоши пријатели“, велат од неговото семејство.
Според портпаролот на австриската полиција, Џемаил го признал злосторството без каење.
„Да, сакав да ја убијам“, рекол тој.
Децата на брачната двојка се на возраст од шест и десет години и по трагедијата биле згрижени од институциите.
На Џемаил му се заканува затворска казна од 20 години.