Денеска ратификација на Договорот од Преспа

Долгата листа на пријавени за дискусија ја одложи ратификацијата на Преспанскиот договор во грчкиот Парламент за денеска во 14.30 часот. Синоќа дебатата беше пожестока од протестите во Атина, а дополнително се вжешти кога премиерот Ципрас зборуваше за децата бегалци од Егејска Македонија.

На денешниот трет ден од расправата, се очекува грчкиот Парламен да го ратификува Договорот од Преспа по што тој ќе стапи на сила и ќе го откочи процесот за македонското членство во НАТО. Гласањето за Спогодбата беше планирана за доцна синоќа, но поради големиот број пратеници пријавени за дискусија, пратеничките групи се договорија тоа да се одложи за денеска.

„Поради долгата листа на пријавени пратеници за збор, едногласно се договоривме гласањето за ратификација на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент да се одржи утре на 25 јануари. Се договоривме и за временските рокови за дискусија на пратениците, координаторите и на пријавените министри, како и за терминот за гласање“, соопшти синоќа еден од потпретседателите на Парламентот, Спирос Ликудис.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password