Рокот поместен: За е-даночна пријава може да се регистрираме се уште
Иако рокот истече на 31 декември 2018-та, Управата за јавни приходи го продолжи рокот за регистрирање на даночна пријава од страна на граѓаните откако огромен дел од даночните обврзници не го сториле тоа навреме.
Првичната бројка е 650.000 поднесени даночни пријави, а проектирано беше дека тоа треба да го направат 920.000 граѓани, иако во оваа бројка влегуваат десетици илјади пензионери ослободени од обврската.
Регистрацијата ќе може да се направи и утре и наредните денови, велат од УЈП за 24 Вести. Даночниците ќе се обидат да стапат во контакт и со тие кои воопшто не покажале интерес бидејќи, како што велат од Управата, не им е целта да казнуваат.
– „ До утрината на 31.12 се регистрирани над 650.000 граѓани, но конечната бројка ќе се знае утре. Задоволни сме од одзивот на граѓаните, тој е речиси 100 процентен. Системот е отворен и секој кој го пропуштил рокот ќе може и од утре да ја донесе пријавата во УЈП. – велат од УЈП