Кој ќе добие К-15 денеска?
Истекува последниот ден, за исплата на К15 во приватниот сектор. За оние работодавци кои нема да исплатат регрес, законот предвидува големи парични казни до 4.000 евра, од кои од 2.000 до 3.000 евра се за фирмата и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице во неа.
Законодавецот предвидел и казна затвор од една година за газдите кои ќе поделат К-15, а потоа ќе бараат од работниците делумно или целосно да им го вратат.
За потсетување на секој вработен во приватен сектор кој во фирмата работел најмалку шест месеци непрекинато до 31.12 треба да му се исплатат најмалку 9.610 денари како регрес за годишен одмор. Тоа е 40 проценти од просечната нето-плата по вработен исплатена во последните три месеци.
Изминативе години беа регистрирани низа прекршувања на овој закон, поточно, имало работодавци кои сакајќи да го избегнат овој трошок на ставка К15 на вработените им исплаќале минимални суми, а не законскиот минимум, на вработени кои користеле породилно воошто не им бил исплаќан регрес, и покрај тоа што законски мора да се исплати на сите, а имало и такви работодавци кои префрлените пари, барале вработените да ги подигнат и да им ги вратат.
За годинава се најавува дека работодавците кои се жлат дека имаат тешкотии во работењето посебно ќе бидат ставени под лупа и ќе се следи овој проблем.
Инаку според последните анкети 55 % од граѓаните сметаар дека треба здолжително да се исплаќа регрес и за вработените во јавниот сектор.
Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината, а најголемиот број работодавачи исплатата ја прават во последниот месец од годината.