(ВИДЕО) Активисти легнати пред багер: Не даваат да се копа по Водно

На Водно во тек се активности и градежни работи за изградба на гасоводот кој ќе поминува преку планината.

Меѓутоа група граѓани се одзваа на повикот на социјалните мрежи и преку Фејсбук преноси во живо покажуваат како застанати пред багерите се обидуваат да го спречат кастрењето на шумата и изградбата на гасоводната траса преку планината Водно.

Во последните неколку недели граѓански организации се организираат и протестираат на разни начини против изградба на гасоводот.

„Не низ Водно! Доста е. На терен градат, на терен ќе се брани!“. Во држава каде прекршоци се нормална работа и се спроведуваат вакви проекти полни со нерегуларности, останува на нас да браниме со живи тела, нагласуваат од „Го сакам Водно“.

Публикувахте от Кирил Мицковски в Сряда, 29 август 2018 г.

Од  таму додаваат дека е време да се стави стоп на непромислени и лоши проекти и ги повикуваат сите доброволци да им се придружат.

Go sakam vodno

Публикувахте от Кирил Мицковски в Сряда, 29 август 2018 г.

0 Comments

Leave a Comment

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password