Груеваски доби азил во Унгарија

Никола Груевски добил азил во Унгарија. Поранешниот премиер на својот фејсбук профил објави дека оваа членка на ЕУ одговорило позитивно на неговото барање, бидејќи во родната земја бил жртва на политички прогон. Груевски објасни дека на тамошните институции им приложил докази дека владата на СДСМ сака да му ја одземе слободата користејќи недемократски чекори и методи и злоупотребувајќи го обвинителскиот и судскиот систем во Македонија.

Посочив и приложив конкретни примери дека во Република Македонија не постојат услови за фер и законски судски процес, ниту пак начин во една ваква атмосфера на политичка хајка од страна на владата да го заштитам мојот живот од бројните закани кои ми беа упатени. Во Македонија се соочив со судии кои за секое мое или на мојата одбрана барање, чекаат инструкции како да одлучат од владата или од специјалниот јавен обвинител, од кого и самите судии се плашат, и кого го гледаат како претставник на актуелната влада – пишува Груевски.

Тој истакнува дека во Македонија се живее во услови на репресија од страна на владата, дискриминација, прогон, политички апсења и целосна контрола на владата врз судскиот и обвинителниот систем, и како што појаснува „вадење и ставање во притвор или затвор според политичките прилики и потреби“.

„Јас одлучив да се спротиставам на сето ова, и со мојот чекор да го издигнам ова прашање на повисоко ниво. Одлучив да не ја исполнам желбата на СДСМ, додека тие ја разграбуваат и распродаваат државата и националните интереси да седам затворен со политичка одлука и секојдневно да се борам за преживување во затворот, за каде добив сознание дека ми се подготвува ликвидација. Не избегав од правдата,туку користејќи други меѓународно правно регулирани методи продолжувам да ја барам правдата и за мене и за сите други жртви на политичкиот прогон во Македонија – тврди Никола Груевски.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password