Банките нема да им наплаќаат на социјалните случаи за деблокирање на сметките

Банките нема да им наплаќаат на социјалните случаи за деблокирање на сметките поради неплатени долгови. На вчерашната средба на банкарската асоцијација со министерот Тевдовски и министерката Дескоска, банките се согласиле да не наплаќаат надомест доколку се блокира сметка на човек кој е социјален случај, прима алиментација, хуманитарна помош или друг вид заштитен приход.

И тие се свесни дека она што банките го наплаќаат како 2.500 денари за деблокирање на сметка на примател на социјална помош, студентска стипендија, е недозволиво да го плаќа, тоа е голема сума, а за банките исклучувањето на овој надомест не е никаков финансиски проблем. Остануваме на законските одредби и имаме согласност од банките, рече министерката Дескоска.

Според предложениот закон, за долговите до 1.000 евра трошокот за деблокирање од 20 евра ќе се намали на 2 евра а за поголемите долгови ќе се плаќа најмногу 6 евра.

Ќе има промени и кај луѓето со минимална плата и кај нив ќе има намалување, бидејќи има побарувања од 90-тите години за кои извршителите не се криви, изјави Зоран Димов од Комората на извршители.

Законот за извршување кој е во собраниска процедура, предвидува намалување на тарифите за 60-90%. Комората на извршители не се согласува со предлогот. Велат дека во преговорите што следат на владата ќе и ги дадат своите пресметки.

Нашите анализи велат дека тоа е преголемо намалување и ќе е предмет на преговори. Ќе се најде решение и ќе се заштитат интересите на граѓаните. Приходите и предметите се драстично опаднати, додава Димов.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password