Заев ја прашува Унгарија, дали Груевски бил киднапиран

Нови дилеми за бегството на Никола Груевски. Премиерот Зоран Заев се сомнева дека унгарските власти можеби го киднапирале Груевски. Тој го повика него, но и официјална Будимпешта, да одговорат дали поранешниот премиер доброволно ја напуштил Македонија или бил киднапиран од Унгарија.

Појаснувањето на оваа дилема, според Заев, би обелоденило и многу други прашања поврзани со азилот и екстрадицијата на Груевски.

Без разлика што ова прашање Заев го упати до Груевски и до унгарските власти, досега нема одговор. На Фејсбук профилот на Никола Груевски како последна објава е најавата што тој ја даде во вторникот дека се наоѓа во Будимпешта. Досега за ова прашање не се изјаснил ниту кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Инаку, Заев повтори дека продолжува истрагата за да се разјаснат сите околности околу бегството на Груевски. Заев уверува дека ако се потврди било каков пропуст од било кој функционер или институција, вклучувајќи го и него самиот, ќе има одговорност. Инаку, денеска продолжуваат постапките за екстрадиција на Груевски, а Заев е убеден дека тој ќе биде вратен во Македонија за да ја одлежи затворската казна и да биде присутен на сите судски постапки против него.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password