Девојчето кое падна во Вардар извлечено мртво
Последната вест која пристигна од Гостивар е дека девојчето кое вечерва падна во водите на реката Вардар е пронајдено мртво.
Нејзиното тело го пронашле мештани, а го извлекла полицијата. Лекарите само констатирале смрт, а полицијата врши увид.
Како што пренесоа медиумите девојчето кое се претпоставува дека е на 17 годишна возраст , бегајќи од кучиња скитници паднало во реката.
Сведоци на трагедијата биле минувачи кои повикале помош. Но, и покрај интензивната потрага девојчето не е спасено.