Ќе се даночат и каматите на заштедите

Од 2020 година ќе се одначуват и проходите од камати на депозитите во банките и тоа исто така со стапка од 15 проценти. Нема да се плаќа данок само на годишна заработка од камати до 250 евра.

Поголемо зафаќање и тоа значајно поголемо или за 50 отсто повисок данок ќе има кај доходот од капитал, закупнините, дивидендите, приходите од осигурување. Тие досега се даночеа со 10 отсто даночна стапка, од в година стапката е 15 проценти.

Ќе се оданочуваат и капиталните добивки и тоа со даночна стапка од 15 отсто.
Според предлогот наместо досегашната стапка од 10 отсто за данокот на доход ќе се воведе прогресивно оданочување за приходите од плата, односно од труд, пензија или од самостојна дејност кои надминуваат 90.000 денари на месечно ниво.

Министерот за финансии Драган Тевдовски објасни дека прагот од 90.000 денари ги опфаќа 1% од најдоходовните граѓани во Република Македонија за кои рече дека имаат даночна ефективна стапка која е пониска од онаа на останатите граѓани, заради што  всушност и се воведува праведното оданочување бидејќи како што рече не е фер оние што добиваат од општеството најмногу, да плаќаат најмалку.

„Предлагаме воведување дополнителна стапка од 8% за делот од доходот кој надминува 90.000 денари месечно. Ова значи дека за доходот до 90.000 денари месечно, данокот би останал 10% како и до сега, додека само на делот на доходот кој надминува 90.000 денари, би се плаќале дополнителни 8%. На пример, на месечна даночна основа од 100.000 денари, за 90.000 денари ќе се плаќа данок по стапка од 10%, додека за 10.000 денари ќе се плаќа данок по стапка од 18%“, рече министерот Тевдовски и порача дека за мнозинството граѓани даночната стапка ќе остане иста.

Министерот Тевдовски рече дека од воведувањето на прогресивното фер оданочување во буџетот ќе се слеат околу 25 милиони евра со кои ќе бидат финансирани мерки за намалување на сиромаштијата, односно за мерката минимален гарантиран приход со која освен што ќе се извлекуваат примателите на социјална помош од сиромаштија и ќе се подготвуваат за пазарот на трудот.А.Т.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password