Седница на ЦК на ВМРО – ДПМНЕ

Во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ вечерва
ќе заседава Централниот комитет на партијата.
Официјално на седницата ќе се разговара за моменталната политичка
состојба во државата и обезбедувањето на двотретинското мнозинство во
Собранието за поддршка на уставните измени. Но, дел од медимите,
повикувајќи се на партиски извори, објавија дека има внатрепартиски
превирања и дека за тоа ќе се разговара на вечерашниот ЦК.
Во пресрет на состанокот на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, за
состојбите во партијата се огласија неколкумина актуелни и поранешни
партиски претставници.
Во изјава за медиумите поранешниот висок партиски функционер Сашо
Мијалков ги отфрли инфоромациите за превирања меѓу него и лидерот на
ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Вели дека тој дал оставка на сите
функции во партијата и со тоа на никаков начин не влијае во нејзиното
работење.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password