Шест години затвор за Гордана Јанкулоска за „Тенк“
Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана
Јанкулоска доби шест години затвор за набавката на луксузниот „мерцедес“ С600 за кој
Специјалното јавно обвинителство покрена обвинение познато како „Тенк“. Пресудата денеска
напладне во Кривичниот суд ја изрече претседателката на судечкиот совет Добрила Кацарска.
На изрекувањето на пресудата не присуствуваше Јанкулоска, само нејзините адвокати и
претставници на СЈО