Заев: Барањата на ВМРО-ДПМНЕ се апсолутно неприфатливи

Барањето на ВМРО-ДПМНЕ за техничка влада со мандат од
100 дена според Пржинскиот модел, за нов јавен обвинител и анкетна собраниска комисија за
референдумот се апсолутно неприфатливи, изјави денеска во Охрид премиерот Зоран Заев.
– Ниту има причина, ниту има потреба да се дискутира за вакви работи. Самите институции
дадоа свои коментари. Да се бара комисија која ќе провери дали референдумот бил законски,
дали имало законитост во неговото спроведување и слично во услови кога претседателот на
ДИК е од ВМРО-ДПМНЕ, како и Управниот суд во кој нема сменето ниту еден член, само по
себе кажува што всушност се сака со ваквите барања, истакна Заев.
Најави дека останува на ставот во наредните денови да се разговара со пратеници во
Собранието во, како што наведе, во една пријатна, нормална и одговорна атмосфера.
– Веруваме дека ќе имаме некаков резултат до крајот на неделава или почетокот на
наредната. Некаде околу 10 октомври е некаков таргет кога треба да и соопштиме на јавноста
кои се следните чекори. Се надевам дека ќе имаме можност да соопштиме дека е обезбедено
потребното двотретинско мнозинство, рече Заев.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password