Бејли: Останува на Парламентот да го преземе следниот чекор

САД силно го поддржуваат Преспанскиот договор. Сега по
консултативниот референдум останува на Парламентот да ги преземе следните чекори во
неговата имплементација, порача денеска американскиот амбасадор Џемс Бејли повторувајќи
го ставот на Стејт департментот.
– Ние го поздравивме резултатот од консултативниот референдум на кој голем број граѓани се
изјаснија „за“ продолжување на патот на Македонија кон НАТО и ЕУ прифаќајќи го Договорот
од Преспа. Сметаме дека овој Договор кој ние силно го поддржавме го отвора патот на
македонската иднина во НАТО и ЕУ од што бенефит ќе имаат земјата, граѓаните на земјата, но
исто така и регионот, неговаиот просперитет, стабилност, и безбедност. Следниот чекор во
имплементација на Договорот е на Парламентот. Во овој контекст се надеваме дека лидерите и
членовите на Парламентот ќе ги стават настрана политичките разлики и земјаќи го предвид
поширокиот интерес на земјата ќе го искористат овој историски момент кој ќе помогне да се
обезбеди иднината на Македонија во семејството на западните институции нешто за што
луѓето на оваа земја се залагаат уште од независноста на земјата, рече Бејли на новибарско
прашање по прес-конференецијата за референдумот на ОБСЕ/ОДИХР и на ПССЕ во Скопје.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password