Димитров: Реалноста е дека преку договорт можеме во НАТО и ЕУ
Доволно созреавме како општество за да се соочиме со
реалноста – патот кон ЕУ и НАТО води преку договорот со Грција за името, и таква е релноста.
Сите лидери почнувајќи од генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг до германската
канцеларка Ангела Меркел укажаа дека нема план Б за да седиме на таа маса и сите што веќе
седат, сакаат да не видат таму.
Ова денеска на прес-конференција го изјави шефот на дипломатијата Никола Димитров,
појаснувајќи ги сите аспекти од Договорот со Грција.
Димитров рече оти се многу цврсти гаранциите за нашиот прием во Алијансата,
бидејќи договорот не може да влезе во сила ако Грција во својот Парламент не ги ратификува
протоколите за наше членство во НАТО.
– Ако не се случуи тоа договорот нема да стапи во сила, повтори шефот на дипломатијата.
На прес-конференцијата тој детално ги појасни сите аспекти од договорот, бидејќи, како што
рече, на средбите со граѓани овие неколку седмици, увидел оти има многу дезинформации
околу договорот.