Во Македонија 25 отсто од потрошената струја е од обновливи извори

Производството на струја од обновливи извори на енергија учествува со околу една третина од вкупната потрошувачка на струја во земјите од Европската Унија, покажува анализата на Евростат. Според псоледните податоци, во ЕУ, од сета потрошена енергија околу 30 отсто е од обвновливи извори. Македонија на заостанува многу, па според нивни факти во 2016 година во земјава, од сета произведена и потрошена енергија околу 24 проценти е од обновливи извори. Има држави во Унијата каде овој процент е помал, но се разбира има и такви каде најголем дел од потрошенета струја е од вакви извори. Најголем и најзначаен извор за производство на струја од ваков тип е водата односно хидропотенцијалот, следуваат ветерниците, па потоа и сончевите електроуреди. Во ЕУ се користат и други извори за производство на струја, како дрво, биогас или геотермална енергија.

На ниво на Унијата, во пет држави повеќе од половина од струјата потрошена во 2016 година била генерирана од обновливи извори. Во Австрија 73 отсто, во Шведска 65 проценти, Португалија и Данска по 54 проценти, додека во Литванија 51 отсто.

Спротивно, има пет држави каде помалку од 10 отсто од купената струја била од обновливи извори. Во Малта само шест отсто, Луксмебург и Унгарија по седум отсто, Кипар девет отсто.

Македонија не е во двете групи, оти во 2016 година граѓаните потрошиле струја од обновливи извори на енергија вкупно 24,1 процент од вкупната потрошувачка. Во Србија овој процент е 29,2 отсто, во Албанија, дури 86 отсто. Во Црна гора половина од потрошената енерегија е од обновливи извори.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password