Ослободените од „Сопот“ не ја добија бараната милионска оштета

Ослободените претходно обвинети во случајот „Сопот“ нема да ја добијат милионската отштета што ја бараа да им биде исплатена од државата за неправедни трауми и лежење в затвор.

Како што дознава Алсат М, поранешните осуденици во случајот Сопот викендов, од страна на Министерството за правда, добиле негативен одговор на нивното барање за надомест на штета заради неоправдана осуда.

Се очекува причините за таквиот одговор од Правда, следниов период да ги разјаснат адвокатите на поранешните осуденици.Ако министерството не ја покрие штетата заради недостиг на буџет, има можност случајот да премине на суд.Барањето за отштета на дел од осудените лица беше испратено во мај оваа година.

Четворицата осудени за случајот Сопот, Сулејман Сулејмани, Самет Љутфиу, Хасан Клаиќи и Шабан Лимани во мај заедно со нивниот законски застапник, адвокатот Вулнет Пачуку испратија барање за обештетува до Министерството за правда, преку кое бараат 150 милиони денари или 2,5 милиони евра оштета.

Барањето ги вклучува само осудените кои се во Македонија.

Обвинетите во политички обоениот случај „Сопот“, во кој жители Албанци на селото Сопот се обвинети дека во 2003 година поставиле мина на пат која експлодирала, при што во експлозијата загинаа војници на НАТО.

По враќањето на предметот до првостепениот суд и застапувањето на обвинението од страна на Специјалното јавно обвинителство, на 19 март оваа година, тие беа прогласени за невини.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password