„Катар ервејс“ објави загуба од 69 милиони долари
Катарската авио-компанија „Qatar Airways“ забележаа загуба од 69 милиони долари во оваа финансиска година, што претставува пад од над 800 милиони долари во однос на претходната година, пренесоа американските медиуми. Превозникот на долги растојанија го припишува овој резултат на тековниот бојкот на Доха од четири арапски земји.
Загубите кои авиокомпанијата ги предвиде, ги покажува предизвиците со кои се уште се соочува Катар, малата земја на Арапскиот полуостров, богата со енергетски ресурси.
„Оваа бурна година неминовно имаше влијание врз финансиските резултати, што се одразува врз негативниот ефект, до кој доведе нелегалната блокада“, рече извршниот директор на „Qatar Airways“, Акбар ал-Бакр.
„Сепак, можам со задоволство да кажам дека влијанието беше минимизирано, секако, не толку лошо како што се надеваа нашите соседи“, додаде тој.
„Qatar Airways“, со седиште во Доха, објави приходи од 11,5 милијарди долари во 2018-та година. Компанијата ја прилагоди својата добивка за 2017-та година на 766 милиони долари од приходите од 10,7 милијарди долари. Овој резултат не го одразува ефектот на бојкотот, кој започна на 5-ти јуни 2017-та година.