Oваа земја годишно ќе „увезува“ по 260.000 работници

260 000 мигранти годишно ќе бидат потребни во Германија поради недостиг на работна сила. Ова го покажува истражување, цитирано од „Дојче Веле”.

Работната рака од ЕУ нема да ги покрие потребите на економијата. За да се пополни дупката, Берлин ќе има потреба од 146 000 работници годишно од држави надвор од ЕУ.

Најголемата економија во Европа ќе има потреба од најмалку 260,000 нови мигранти годишно до 2060 година, а за да се надминат проблемите со недостигот на работна сила предизвикан од демографскиот пад, се покажува во истражувањето објавено од Фондација „Бертелсман” .

Работоспособното население во Германија се очекува да се намали за третина или околу 16 милиони луѓе до 2060 година. Во отсуство на миграциите недостигот на работна сила може да е катастрофален за четвртата најголема економија во светот.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password