Нема бланко потписи за помирување

Да се забрза процесот на помирување, а сите предлози да бидат доставени до групите, кои што поскоро треба да почнат со работа, порачаа членовите на координативното тело за помирување во Собранието, кои денеска прв пат одржаа седница зад затворени врати.

Не му кажуваме на судството како да ја мери вината, но може да му укажеме да има фер судење и внимателен пристап за настаните од 27 април“, изјави копретседателката на координативното тело за помирување и интеграција, Фросина Ременски.

Според неа, телото нема намера да биде над обвинителството и над судовите, а идејата е да ги разгледаат можностите за сугестии и предлози кои ќе ги консултираат со експерти.

Таа информира дека на денешниот прв состанок на телото била утврдена динамиката за работа во интерес на процесите и воспостување соработка.

„Ние се согласивме дека основни начела на кои се заснова нашата работа се реформа, интеграција, помирување и простување. На денешната седница се согласивме да формираме три подгрупи за реформата, интеграцијата и помирувањето. Интеграцијата се однесува на уставните измени за членство во ЕУ и НАТО. Втората подгрупа е за поширок план на помирување и ќе работи на решенија поврзани со настаните за 27 април. Ќе има долгорочен план. Ова е чин на консензус меѓу одговорни пратеници кои сметаат дека без соработка за темите кои нè делат не може да одиме во реформи и интеграција“, рече Ременски.

Третата подгрупа, додаде таа, ќе биде за реформски процес по ЕУ-агенда. „Тоа ќе го овозможиме преку инклузивен процес и носење одлуки за реформи и двотретински закони да се градат преку консензус. Сите овие процеси се врзани и детерминарни и ќе одат во еден здив и пријатна атмосфера“, рече Ременски и ја повика опозициската ВМРО-ДПМНЕ да учествува во процесот на помирување и интеграција.

Не дадовме бланко-потписи, процесот на помирување и интеграција е условен, изјави пратеничката Емилија Александрова по првиот состанок на телото за помирување.

Таа апелираше процесот да почне што поскоро и посочи дека очекува уште денес или утре групите да почнат со работа, а не сакаше да коментира за предлог-законот за амнестија за 27 април, рече дека идеите и предлозите ќе бидат презентирани пред интерпарламентарната група.

„Секое законско решение ќе произлезе од групите во делот на интеграција, реформи и помирување. Очекуваме да се забрза процесот, нема да бидат лесни процесите, но свесни за иднината на државата во оваа ситуација нема простор за импровизации“, изјави Александрова.

Александрова исто така го повтори ставот дека притворите не водат кон помирувањето.
Следната седница на ова тело ќе се одржи в петок.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password