Оглас за вработување
Овде си, за да придвижиш:
како Референт за продажба
(Sales Representative)
ДБ Шенкер Македонија, централа
ДБ Шенкер е глобален работодавач. Како транспортна и логистичка дивизија на Германски железници (Deutsche Bahn) ние организираме транспорт на стока и проекти во целиот свет, преку нашите 2000 локации во 130 земји. Во ДБ Шенкер, вие сте дел од глобална логистичка мрежа која го поврзува светот. Мрежа која Ви овозможува да ја обликувате Вашата кариера охрабрувајќи Ве да придонесувате и да направите промени. Вработените ги бираме врз основа на нивото искуство, перспективи, способности и вештини.
Работно место: Референт за продажба (Sales Representative)
– проширување на тимот за продажба и маркетинг
Вашите задачи:
– Активна, редовна и лична продажба
– Активна соработка при извршување на планираните активности
– Евидентирање на извештаите во системот за управување со клиенти (CRM)
– Прибирање информации за нови и постоечки клиенти и пазари – исто така и за потенцијални клиенти
– Согледување/Истражување на пазарот и конкурентите
– Учество во состаноците на Продажба
– Учество на настани на клиенти
– Редовни извештаи со Раководителот на продажба
Вашиот профил:
– Работно искуство како референт за продажба (или маркетинг) со правни лицa. Предност имаат продажни агенти со искуство во нашата индустрија – транспорт и логистика
– солидно познавање на продажните процеси и пазарот (особено за транспорт и логистика)
– Диплома за завршено високо образование
– Поседување на возачка дозвола Б категорија
– Одлично познавање на англиски јазик
– Одлични компјутерски вештини за Microsoft Office пакетот
Вашите способности:
– развиени комуникациски вештини
– тимски ориентирана личност
– силна посветеност на работата
– желба за постигнување на високи резултати и нови достигнувања
– желба за придонес во развојот на одделението и компанијата
– одговорност, организираност
– одлични презентерски вештини
Нашата понуда:
– работа во глобална компанија, една од најуспешните во светот на транспорт и логистика
– фиксно работно време (понеделник-петок, 08-16 часот)
– организиран превоз до/од работа
– привлечна плата и бенефиции
– можност за развој во рамки на компанијата, локално и глобално
– обуки за развој
– одлична работна средина и тим за работа
Со нетрпение ја очекуваме Вашата апликација. Ве молиме испратете ни ja Вашата кратка биографија и останати референци, на E-mail: elena.minova@dbschenker.com
Краен рок за пријавување: 20.09.2018.
http://www.dbschenker.com/mk-mk
Leave a Comment
Мора да се пријавите за да испратите коментар.
0 Comments