Ураганот кој принуди на евакуација над милион Американци

Сезоната на урагани во Атлантскиот океан вчера го достигна својот врв. Во него моментално се активни три урагани, од кои најопасен е ураганот Флоренс, кој ќе ги погоди САД. Се очекува дека би можел да погоди три сојузни држави во кои се наредени евакуации на повеќе од еден милион луѓе.

Националниот центар за урагани во САД го категоризираше Флоренс како ураган од четврта категорија. Тоа значи дека ударите на ветрот кој го носи со себе се побрзи од 209 км/час. Само неколку часа пред тоа, ураганот Флоренс беше ураган од трета категорија. Според моменталните прогнози, Флоренс ќе продолжи да се засилува и може да премине во ураган од петта категорија.

„Се очекува и понатамошно засилување. Се очекува Флоренс овој четврток да биде доста опасен ураган“, соопштија од споменатиот центар.

ЗОШТО УРАГАНОТ ФЛОРЕНС ТОЛКУ БРЗО СЕ ЗАСИЛУВА?

Се поставува прашањето поради што Флоренс се засилува толку брзо. Станува збор за неколку фактори кои влијаат на тоа.

Структурата на Флоренс стана стабилна од неделата, откако неговите ветришта малку забавија, што му овозможи засилување и тоа е првиот важен фактор. Вториот е претерано високата температура на океанската вода. Флоренс минува низ подрачје на кое површинската температура на океанот е околу 30 °C. Токму таа висока температура овозможува брз раст на ураганот. Како што пренесува Gizmodo, тие температури моментално се околу 2 °C повисоки од нормалата за овој период од годината.

„Сега кога Флоренс ги има сите потребни состојки и кога развива прстен од силни бури околу својот центар, веројатно ќе продолжи да се засилува во голем ураган“, објаснува Брајан Танг, експерт за атмосфера од универзитетот во Албани.

Танг укажа на ураганите Харви, Ирма и Марија, кои се формираа минатата година, а кои брзо се засилуваа и растеа на својот пат преку Атлантикот. Но, ураганот Флоренс од нив се разликува според очекувањата за неговата јачина.

СÈ ПОВЕЌЕ БУРИ КОИ БРЗО РАСТАТ

Сем Лило, студент на универзитетот во Оклахома кој студира метеорологија, ја сподели прогнозата на Националниот центар за урагани и порача дека Флоренс е најбрзорастечката бура во Атлантскиот океан во последните 20 години.

Sam Lillo@splillo

Finally got around to checking this out.

The NHC 5-day forecast for is indeed the strongest they have ever projected an Atlantic tropical storm in the last two decades.

Претходно оваа година, истражувачите објавија дека бројот на брзорастечки бури во Атлантикот е во пораст. Користејќи сателитски податоци собрани од 1986 до 2015 година, тие открија дека кај бурите кои брзо растат и се развиваат дошло до просечно засилување на ветриштата од 7,08 км/час по деценија. Овие податоци се однесуваат на источниот и централниот Атлантски океан.

Истражувачите заклучија дека станува збор за позитивна фаза на Пацифичката декадна осцилација, која ја карактеризираат топлите води во Атлантикот. Покрај тоа, не ги исклучуваат и климатските промени кои ги загреаја океаните ширум цел свет.

Каква улога и да играат Пацифичката декадна осцилација и климатските промени на ураганот Флоренс, сигурно е дека тој ќе биде опасен и потенцијално смртоносен ураган.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password