Стејт департмент: Тврдењата на Москва се неразумни и лажни

Американскиот Стејт департмент ги
оцени како неразумни и како обид за дезинформација и пропаганда,
обвинувањата на Русија дека САД се инволвирани во неодамнешното
гласање во Парламентот на Република Македонија со кое се даде зелено
светло за отпочнување со уставните измени во земјата.
– Секое тврдење дека претставници на Американската амбасада биле
инволвирани во процесот на гласање во Парламентот се неразумни и
лажни. САД ја поздравуваат одлуката на македонскиот Парламент да ги
започне уставните промени неопходни за имплементација на Договорот
од Преспа со Грција. САД веруваат дека Преспанскиот договор е
историска можност за промоција на стабилност, безбедност и просперитет
во целиот регион, изјавил портпарол на Стејт департментот на брифинг во
Вашингтон на прашање на грчки новинар, пренесува АНА-МПА.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password