Спасена и е раката на водителката на „Пинк“ која доживеа тешка сообраќајна несреќа

Тим на хирурзи успеале да и ја спасат раката на Деа Ѓуѓевиќ, водителката на „Пинк“ која вчера во Белград доживеа сообраќајна несреќа. Како што пишуваат српските медиуми, по повеќечасовна операција вчера, Деа денеска се наоѓа во добра здравствена состојба.

Таа беше тешко повредена откако автобус, кој налетал на неа, и ги приклештил раката и ногата. По повеќе саати минати во операционата сала, докторите успеале да и ја зашијат раката.

-Ова беше невозможна мисија. Изгледаше дека не ќе може да се сошие. Но сакам да ја пофалам Деа поради храброста. Кај таквите пациенти невозможното се претвора во возможно. Се надевам дека функциите на раката ќе останат исти – вели докторот кој ја извршил операцијата.

Во тешка сообраќајна несреќа вчера утрината во Белград, повредени беа три лица, меѓу кои и Ѓурѓевиќ. Таа настрадала на пат кон телевизијата каде требало да се снима новото издание на утринската емисијата во која е домаќин.

Во сообраќајната несреќа учествувале неколку патнички возила и автобус на јавниот градски превоз во Белград. Се претпоставува дека до сообраќајната несреќа дошло поради излизгување на возилата.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password