Индонезија брои жртви од цунамито, уште има опасност

Бројот на жртви по цунамито предизвикано од вулканот Анак Кракау достигна 373 луѓе , се наведува во извештајот на Би-Би-Си. Се верува дека вулканската активност предизвикала подводна свлечиште , по што се случило цунамито.

” 1.459 лица се повредени, а 128 се водат за исчезнати “, рече претставникот на службата, Сутопо Нугрохо. Крајбрежните жители на вулканот се предупредени да се држат настрана од плажите , бидејќи новите ерупции може да предизвикаат уште едно  цунами.

Енак Кракато повторно избувна вчера, фрлајќи пепел и чад .

 

Спасувачките екипи се попречени од блокирани патишта , но тешката опрема се транспортира до тешко погодените области за да помогне да се пронајдат жртвите.

Портпаролот на Националната агенција за справување со катастрофи на прес-конференцијата изјави дека можно е уште  едено цунами   поради продолжените вулкански ерупции на Анак Кракату.

 

” Препораките на метеоролошката, климатолошка и геофизичка агенција се дека луѓето не треба да вршат активности на плажа и да останат настрана од брегот за некое време “.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password