Фронтменот на Продиџи пронајден мртов
Ексцентричниот фронтмен на „Продиџи“, Кит Флинт, инаку запаметен по своите изведби на мега-хитовите Breathe и Firestarter е пронајден мртов во својот дом во Есексденеска наутро.
Полицијата соопшти дека биле “повикани поради загриженост за состојбата на еден човек”, но за жал, според извештајот, „49-годишен маж беше пронајден мртов на местото на настанот“
Смртта не се третира како сомнителна и ќе биде подготвено досие по обдукцијата.
Флинт неодамна се врати во Велика Британија од турнеја низ Австралија; и требаше да започне турнеја низ САД во мај.