Франција ќе им помага на граѓаните во плаќање сметки за гориво
Минатата година акцизите на дизелот се зголемија за 23 проценти , а на стандардните горива за 15 проценти. Литар дизел во моментов се продава за 1,51 евро , што е највисока цена од почетокот на 2000 – тите.
Зголемувањето на цените на горивата предизвика големо незадоволство , особено во руралните делови на земјата од каде за сабота најавија протести со трактори и друга механизација во градовите , како и блокади на патиштата. Во целата земја се најавени околу 600 протести.
Денеска премиерот Едуард Филип ја отфрли можноста за зголемување на данокот на дизел горивата , но вети помош за семејствата со пониски примања во субвенционирање на дел од трошоците.
Тој вети дека 5,8 милиони домаќинства ќе добиваат помош , за разлика од досегашните 3,6 милиони.