Сите вработени беа вонредно викнати на работа, а сцените се потресни.
– Што згреши мојот син, има само 15 години. Да не биде жив за туѓа грешка, викал татко на починато момче.
Меѓу повредените е и возачот на автобусот.
И докторите и семејствата плачат денеска во Клиниката.
Министерот за здравство Златибор Лончар даде изјава за медиумите во која објаснува каква е состојбата на повредените.
-Во моментов во Клиничкиот центар се сместени 13 пациенти од кои осум се малолетни, имаат по 16 години. Двајца од нив се во тешка состојба. 16-годишна девојка има сериозни повреди на централниот нервен систем. таа беше оперирана од неврохирурзи, но се уште е во кома. Момче кое исто така има 16 години е во сериозна состојба поради големи повреди на кичмата, рече Лончар.