Заев на средба со Меркел во Берлин
Премиерот Зоран Заев денеска во Берлин имаше средба со германската канцеларка Ангела Меркел која со францускиот претседател Емануел Макрон е домаќин на средбата со лидерите на државите од Западен Балкан
„За стабилноста на регионот и особено за придобивките на граѓаните на Северна Македонија и на Грција по Договорот од Преспа, неопходно е земјата да биде поддржана и да продолжи уште побрзо на патот кон очекуваната европска интеграција“, се согласиле премиерот Заев и потпретседателката на Европската комисија и висока претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини на состанокот на маргините на денешната конференција на шефови на држави и влади за Западен Балкан во Берлин.
Како што соопшти владината прес-служба, Договорот од Преспа, за време на разговорот е потенциран како успешен пример и одлична вест која регионот ја испраќа кон Европа
На средбата на владината делегација во чиј состав се и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, поздравен е успешниот прв круг од демократски спроведените претседателски избори и изразени се уверувања дека постојат услови за успешен втор круг и за исполнување на потребниот цензус за вториот круг.