Три нови случаи на морбили
Децата поради полесната клиничка слика пуштени се на домашно лекување.
Примени се со јасна клиничка слика се чекаат лабораториските резултати. Епидемолозите стравуваат дека епидемијата од Скопје многу лесно и брзо може да се прошири и во другите градови. Од утре стартува новото полугодие на основците и средношколците. Надлежните најавија дека ќе се проверуваат картоните на учениците дали имаат добиено вакцина и ревакцина на 6 годишна возраст.
Забараната за невакцинараните деца за во градинка се уште трае. И нема да се дозволува да се носат потврди од матичен дека детето не е во состојба да прима, туку ова ќе го разгледува комисија.
„Не може дете да добие потврда од матичен доктор, а притоа да нема испитувања дали навистина детето е во лоша состојба за да не прими вкацина. Има стручна комисија за тоа“, вели др. Жарко Караџоски од Институт за јавно здравје. (17.01.2018)