Телефонски разговор Заев – Столтенберг

Премиерот Зоран Заев денеска имаше
телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг,
кој изрази поддршка и честитки за успехот во понатамошна
имплементација на Договорот од Преспа.
Столтенберг, како што соопшти владината прес-служба, ја поздрави
храбрата, голема и државничка одлука на пратениците, и му пренесе на
премиерот Заев дека во НАТО се среќни што Република Македонија
продолжува напред.
Тој додаде дека во таа насока испраќа честитки и за успешно завршените
пристапни разговори за членство во алијансата на 18 и 19 октомври во
Брисел, и порача дека НАТО останува фокусиран на завршување на
процесот на интеграцијата на земјата во сојузот.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password