Спасовски и Заев кај Вартоломеј во Истанбул

Премиерот Оливер Спасовски и претседателот на СДСМ, поранешниот премиер Зоран Заев се сретнале со Вселенскиот Патријарх г.г.Вартоломеј. Двајцата се во Истанбул во Цариградската Партијаршија на покана на Патријархот Вартоломеј.

 

Нема детали за средбата, освен дека се одржала во пријатна атмосфера и дека разговорот бил позитивен. Биле изразени се надежи за успеси на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј за обединување на сите сестрински цркви и во духот на толеранцијата и разбирањето, продолжување на дијалогот за изнаоѓање решенија за сите прашања од значење за целиот православен свет и верниците.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password