СЈО го објави шестмесечниот извештај – бара да биде автономна институција
– Специјалното јавно обвинтелство го објави извештајот за
своето работење во периодот од 15 март 2018 година до 15 септември 2018 година, во кој се
наведува дека во овој извештаен период конечно започнаа судските рочишта по сите
обвиненија поднесени од страна на ова Јавно обвинителство и одобрени од страна на судот.
– Пресудите донесени во текот на шестиот извештаен период против три лица во два различни
предмети, како и пресудите донесени од страна на Апелацискиот суд Скопје со кои се
потврдени првостепените пресуди против вкупно пет лица ја потврдија оправданоста на
поднесените обвиненија во смисла на кривичните дела кои им се ставаа на товар на
обвинетите, се наведува во извештајот од СЈО.