Прогласена е епидемија на морбили и во Гевгелија
Бројот на заболени на морбили расте, а покрај Скопје, Куманово и Тетово прогласена е епидемија и во Гевгелија, комисијата за заразни болести е во постојана комуникација и се анализираат бројките во секој град поединечно, вели министерот за здравство Венко Филипче.
Засега нема најава за прогласување на епидемија на државно ниво.