Пратениците одлучуваат за одземање на мандатот на Груевски

ВМРО-ДПМНЕ ја напушти расправата во собраниската комисија за деловнички и мандатно имунитетни прашања, каде на дневен ред е барањето од судот за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски заради издржување на двегодишната затворска казна за предметот „Тенк“.

Тој најдоцна до утре треба да се јави во затворот во Шутка. Груевски експресно ја обжалил одлуката на судијата за извршување санкции за одбиената молба за одложување на затворската казна. Кривичен совет до петок треба да ја донесе конечната одлука. Ова е последната можност за одложување на казната пред случајот на стигне во Врховниот суд.

Груевски не присуствува на седницата затоа што е на судење.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password