Палмер во Скопје, Заев во Рим, па во Брисел на вечера

Државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, ќе престојува во работна посета на Македонија. Тој во Скопје ќе се сретне со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Се очекува двајцата да зборуваат за развојот на билатералните односи меѓу Македонија и САД, како и за поддршката на Стејт департментот за евро-атлантските интеграции на земјава.

Премиерот Зоран Заев, пак, денеска ќе биде во работни посети на Рим и Брисел, соопштија од Владата. Во Рим Заев патува по покана на неговиот италијански колета Џузепе Конте.

Од таму Заев ќе оди во Брисел, каде на покана на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини, ќе учествува на нејзината проштална работна вечера со лидерите на земјите од Западен Балкан.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password