Обрезание Господово и Свети Василиј Велики – Света Архиерејска Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во Битола
На 14 јануари кога го празнувавме Обрезанието по тело на Спасителот наш Господ Исус Христос и споменот на Светиот Василиј Велики, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Грамбозов, протоерејот Атанас Лажовски и протоѓаконот Драган Ѓоргиевски, отслужи Света Божествена Василиева Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во Битола.
После Божествената Литургијата, беше отслужен молебен за благослов на предстојната Нова Година, благодарејќи му на Бога за сите дарови, кои секојдневно ни ги дава.
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
„Тебе Господи Те фалиме, Тебе Господи Те исповедаме, Тебе превечниот Бог и Отец целата земја Те велича!“
Денес ние, браќа и сестри, го славиме, исповедаме и величаме Троичниот Бог, благодарејќи Му за овој троен празник, Нековото обрезание по тело…