МВР смета дека Груевски се уште е во Унгарија
Полицијата повикувајќи се на сознанија од унгарското МВР вели дека пратеникот Никола Груевски е на унгарско тло.
Во дел од медиумите деновиве кружат разни информации дека бегалецот на кој не може уште да му се најде трага е избеган од земјата каде владее Виктор Орбан.
-Груевски е во Унгарија и чека тамошните власти да се произнесат за неговото барање за политички азил-велат од МВР повикувајќи се на сознанијата со кои располагаат и од разговорите од унгарската полиција.
Во тек е процедурата за екстрaдиција а бидејќи Македонија и Унгарија немаат склучено меѓународен договор за испорака, преку правнa oснова Македонија која е дел од Европската конвенција за екстрадиција и Законот за меѓународна криминална соработка ќе го бара Груевски назад.